ПИЛЕШКО ВО КАРИ СОС: Со павлака, здраво и вкусно, прсти да излижете

popara20 февруари, 20241min00
77403_shutterstock-225642772_f

Потребно е:

800 гр пилешко бело месо
две свежи пиперки
главица црвен кромид
2 чешниња лук
2 лажици доматна паста
200 гр кисела павлака
една лажичка кари
300 мл вода
масло
сол
бибер

Подготовка:

Пилешкото и пиперките исечкајте ги на ленти, а црвениот кромид на коцки. Додадете го пилешкото во тавата со загреаното масло, посипете го со кари и варете на силен оган 5 минути, додека не добие боја. Додадете лук, кромид и пиперки и динстајте 2 до 3 минути. Потоа истурете вода и доматната паста, а потоа додадете сол и бибер. Намалете ја топлината и оставете да врие 20 минути. Додадете ја павлаката и динстајте уште 5 минути. Украсете со зачини и додајте прилози по вкус. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag