Пилингот е одличен начин како да ги отстраните нечистотиите од вашата кожа и како да ги исчистите порите. Особено е важно да правите пилинг на вашата кожа во летните денови.
Како да направите домашен пилинг за кожа?
Пилинг од мелено кафе
Во комбинација со кокосово масло – козметичарите тврдат дека овој пилинг прави чуда за вашата кожа. Нанесете го на лицето со нежни кружни движења и исплакнете. Доколку имате можност, правете го овој пилинг два пати неделно.
Лимон, мед и шеќер
Со помош на овој пилинг ќе се ослободите од акните и мртвите клетки на кожата. Измешајте 1 лажица шеќер, половина лажица маслиново масло и 1 лажица мед. Во истата смеса исцедете сок од лимон и промешајте. По третманот, измијте го лицето со ладна вода.
Сода бикарбона
Земете една лажица сода бикарбона и додајте ја во кое било средство за чистење шминка. Нанесете ја оваа смеса на лицето за да се ослободите од непотребните маснотии или акните.
Пилинг од овес
Со помош на овој пилинг ќе се ослободите од непотребните маснотии на кожата. За подготовка на овој вид на пилинг потребни ви се 2 лажици овесни снегулки, лажица млеко и лажица маслиново масло. Откако ќе ја подготвите овесната каша нанесете ја на лицето и почекајте 3 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода.