Ви треба:
2 големи компири
2 поголеми јајца
2 чешниња лук
2 супени лажици јогурт
1 лажица масло
2 полни лажици гриз
1/2 прашок за пециво
малку сол и мелен бибер
50 гр рендан кашкавал
малку сирење по желба
Подготовка:
Изрендајте ги компирите, па ставете ги во ладна вода. Јајцата се матат, се додава гризот со прашокот за пециво, се додава јогуртот и маслото. Исцедете ги и исплакнете ги компирите уште еднаш, додадете сол, мелен бибер, сечкан лук и по желба малку сирење.
Истурете ги јајцата во компирите, па измешајте. Плехот покријте го со хартија за печење, па премачкајте го со масло.
Во тавата истурете половина од компирите, а потоа ставете го ренданиот кашкавал, израмнете го и додадете го вториот дел од компирот. Обилно посипете со сусам. Се пече на 200 степени околу 45-50 минути додека убаво не порумени.
Послужете топло. Пријатно!