ПИЦА СО ТИКВА: Есенска варијанта на омиленото италијанско јадење

popara2 октомври, 20241min00
101867_shutterstock-2047860083_f

Потребно е:

300 гр брашно
половина коцка квасец
3 супени лажици маслиново масло

Додатоци:

300 гр тиква
200 гр пченка
200 гр салама
150 гр кравјо сирење
150 гр рендано сирење
1 главица кромид
1 лажица маслиново масло
сос од домати
мајчина душица

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Во сад измешајте го брашното со квасецот. Измешајте го маслото и солта со 150 мл топла вода и додадете ги во брашното и квасецот. Замесете тесто од смесата, па оставете го да отстои еден час. Расукајте го тестото на набрашнета работна површина и префрлете го во плех обложен со хартија за печење. Посипете со прстофат мајчина душица и прелијте со сосот од домати. Додадете ги другите состојки: тиква, пченка, салама, кравјо сирење и кромид. Печете ја пицата околу 20 минути, во рерна загреана на 220 степени. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag