Здравиот појадок е неопходен за нормално функционирање на метаболизмот.
Експертите истакнуваат дека луѓето кои сакаат да ослабат пред појадок треба да пијат пијалок кој го регулира нивото на инсулин и го намалува апетитот. Не станува збор за магичен чај, ниту за скапа подготовка, туку за шармот на моќното овошно дрво – грејпфрутот.
Нутриционистите советуваат пред појадок да ставите неколку парчиња грејпфрут во чаша топла вода, да го оставите напитокот да отстои неколку минути, а потоа да го пиете на празен стомак.
Грејпфрутот има бројни придобивки за здравјето на организмот: го чисти телото од токсини, го поттикнува согорувањето на масните наслаги, богат е со вода и влакна, го намалува апетитот и го регулира нивото на инсулин во крвта.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија докажува дека цитрусното овошје игра голема улога во процесот на слабеење. Затоа, конзумирањето грејпфрут во чаша топла вода нека биде здрава утринска навика.
Луѓето кои имаат стомачни проблеми треба да се консултираат со лекар пред да го користат овој напиток.