Анџелина Џоли неодамна воодушеви со своето појавување на премиерата на бродвејската претстава „The Outsiders“, а пластичен хирург ги анализирал фотографиите и открил какви зафати направила на себе.
Тој изјавил дека се прашувал како таа на 48 години изгледала исто како пред 10 години.
„Многумина коментираа дека оваа жена не остарела ниту еден ден и јас би се согласил. Според златниот пресек има едно од најсиметричните лица. Деловите на нејзиното лице генерално се пропорционални. Има дефинирани јаболчници, рамен нос кој на врвот е подигнат, полни и обликувани усни, нагласена вилица“, изјави меѓу другото тој.
Додаде дека таа го добила овој неверојатен изглед со подигнување на лицето и вратот. Ги спореди нејзините фотографии направени во 2014 година и минатата недела. Покажа дека нејзиното уво покажува видливи знаци на пластична операција. ‘Рскавицата е намалена, а обликот на трагусот е различен во споредба со порано.
„Работата е направена до совршенство. Мислам дека не може да изгледа подобро“, рече тој.
Потсетуваме, на споменатата претстава Анџелина работеше со ќерката Вивиен Џоли-Пит, која беше волонтерска асистентка.
„Таа е многу сериозна во врска со работата во театарот и напорно работи за да придонесе за шоуто“, изјави претходно Анџелина.
Погледнете го видеото ТУКА