Анџелина Џоли ја освои првата Тони во кариерата. Таа ја освои таа престижна награда за извонредност во театарот на Бродвеј, позната и како наградата Антоанета Пери, како продуцент на „The Outsiders: A New Musical“.
Анџелина Џоли блесна на 77. доделување на наградите Тони пред Линколн центарот во Њујорк. Таа за оваа пригода избра кадифен кринолин составен од корсет и лелеаво здолниште, кои ја истакнаа нејзината женствена силуета.
Поточно, таа облече фустан од Atelier Versace и го спои со соодветен шал од истиот материјал во сино-зелена боја. Изданието го заокружила со неколку впечатливи парчиња накит.
Анџелина Џоли на доделувањето се појави со нејзината петнаесетгодишна ќерка Вивиен, која наводно ја поттикнала да ја прифати продукцијата на таа театарска претстава.
Вивијан одговараше на модниот стил на нејзината мајка – носеше панталони, елек и машна во слична сино-зелена боја и бела кошула. Комбинацијата ја спои со патики од кои зрачи младешка свежина и разиграност.
Мјузиклот „Outsiders“ е заснован на истоимената книга на С. Е. Хинтон. Мјузиклот е раскажан од перспектива на 14-годишно момче и го следи конфликтот помеѓу две ривалски банди во градот Тулса, Оклахома, кои се поделени според социо-економскиот статус.