Повторно фатени во лага? Принцот Хари и Меган три години ја криеле вистината за ова

popara13 јуни, 20241min00
80884_8449097_f

Пред нешто повеќе од три години се роди принцезата Лилибет Дијана Маунтбатен Виндзор. Некои блиски пријатели на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл тврдеа дека двојката, набргу по раѓањето на малата Лилибет, преку видео повик го запознала девојчето со нејзината сега покојна прабаба, кралицата Елизабета Втора.

Кралицата Елизабета не ја запознала

Малата Лилибет е седма во редот за британската кралска круна, а деновиве во медиумите се појавија наводи кои ги обвинуваат Хари и Меган за залажување на јавноста. Добро упатен извор за британските медиуми изјавил дека тогашната 95-годишна кралица била бесна поради лажните изјави на пријателите на поранешниот војвода и војвотката од Сасекс за американските медиуми.

„Немаше видео повик“, изјави за Мејл неименуван извор од Бакингемската палата. „Се работи за тоа дали напишаното е точната верзија на она што навистина се случило“, додал изворот, кој тврди дека покојната кралица тогаш немала можност да се сретне со својата правнука, ниту преку споменатиот видео повик.

Дали Хари добил одобрение од баба му?

Интересно е што девојчето го добило името по кралицата Елизабета, односно нејзиното семејство уште од мали нозе ја нарекувало Лилибет. Претставник на славната двојка за „Њујорк пост“ изјави дека Хари претходно разговарал со својата баба и дека никогаш немало да ја именува својата ќерка по неа без нејзина согласност. Од друга страна, извор од палатата изјавил дека разговорот бил повеќе во форма на изјава отколку на прашање. Хари и Меган најмија адвокат кој испрати правен меморандум како одговор на тие изјави. Тврдат дека се работи за клевета, а од палатата се уште официјално не се огласиле за целиот случај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag