Олимписките игри почнуваат веќе следната недела. Времето тече толку брзо и најголемиот спортски настан ќе започне. Во Париз од 26 јули до 11 август спортисти од целиот свет ќе се натпреваруваат во различни спортови и дисциплини. Сите со иста цел – да и донесат медал на својата земја.
Свеченото отворање на Олимписките игри е закажано за вечерта на 26 јули. Преносот на официјалното отворање ќе биде на МТВ и се подготвува вистински спектакл. Церемонијата ќе се одржи на реката Сена. Претставниците ќе бидат на чамците, а речната траса е долга шест километри и завршува пред „Трокадер“ каде ќе се одржи и затворањето.
На програмата ќе бидат вклучени 329 настани во 32 спорта, а нов спорт меѓу нив е брејкденс.