ПОГРЕШНА НЕГА НА КОЖАТА КОЈА ПРАВИ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОСТАРО: Како никогаш не треба да нанесувате пудра

popara16 февруари, 20241min00
ПОГРЕШНА НЕГА НА КОЖАТА КОЈА ПРАВИ ДА ИЗГЛЕДАТЕ ПОСТАРО

Според експертите, овие секојдневни грешки за нега на кожата можат да направат да изгледате постаро.Сите сакаме да „старееме грациозно“, но зачувувањето на младоста на лицето е донекаде предизвик и се случува често да грешиме во одржувањето на негата на кожата.

1) Не користите крема за сончање
Честа грешка во негата на кожата е прескокнувањето на употребата на креми за сончање. Експертите веруваат дека дури и во облачно време, УВ зраците сè уште можат да се пренесат преку облаците, па дури и преку стаклото, што ја прави вашата кожа подложна на предвремено стареење и брчки. Одлучете се за полесен хидратантен крем со заштитен фактор.

2) Го игнорирате пределот околу очите
Кожата околу очите е природно потенка, понежна и чувствителна отколку на остатокот од лицето и побрзо ја губи цврстината и еластичноста. Значи, тука се секогаш највидливите знаци на стареење. Обидете се да набавите кремата наменета за пределот околу очите, бидејќи тие имаат полесна текстура од другите производи за лице и кожата подобро ги впива.

3) Не го чистите лицето правилно
Ако сте добри во редовно миење на лицето, можеби не мислите дека треба да се справите со овој чекор во вашата рутина за нега на кожата. Меѓутоа, ако не го чистите најмалку 30 секунди или ако користите марамчиња за отстранување на шминка, на погрешен начин го чистите лицето.

Цел ден акумулираме нечистотија, остатоци, пот на кожата, ако не ја отстраниме од кожата, порите може да се затнат и да изгледаме постари поради тоа, а може да се појават и акни, како што наведува сајтот “Best life”.

4) Нанесувате пудра на сува кожа
Шминката би требало да ги подобри нашите карактеристики, но ако го прескокнете навлажнувањето и нанесете основен слој на сува кожа, веројатно нема да има толку позитивен ефект.Кога кожата е природно сува, нема да добива многу храна од основата.

Дополнително, некои подлоги можат да ја исушат кожата за да одржат мат финиш. Не само што сувата кожа ќе ја изгуби хидратацијата, а со тоа и нејзината дебелина и мазност, туку и фините линии и брчки ќе станат подефинирани, додавајќи години на вашиот изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag