Љубов после 50-тата година…
Кога станува збор за романтичните врски, психолозите истакнуваат дека трпението е една од важните ставки.
По неколку неуспешни врски и познанства, многумина дури и во своите 20-ти или 30-ти години помислуваат да се откажат од потрагата по сродна душа, бидејќи, како што велат, доживеале премногу разочарувања. Иако многумина се исплашени од помислата да започнат одново нова романса, психолозите тврдат дека никогаш не е доцна, па дури и дека некои од нив љубовта на својот живот ја пронашле после петтата деценија.
Стручњаците за врски, наместо тоа, советуваат да прифатите дека новата врска е на повидок. Тие за сите што се во средни години откриваат како да ја пронајдат својата љубов после 50-тата година.
Прифатете го самооткривањето
Средните години и животот после педесеттата е период кога сите имаат некое животно искуство, кои може да им послужи како моќно оружје во пронаоѓањето нова љубов, наведува „Psychology Today“. Не гледајте на вашата возраст како ограничување, туку гледајте на тоа како предност и позиција која ви овозможува појасно разбирање на вашите желби, вредности и приоритети.
Психологот Џефри Бернштајн објаснува како имал клиентка која се развела на 55-годишна возраст. Секогаш приоритет давала на кариерата и децата, и дека конечно решила да се поврзе со себеси. Се посветила на своето хоби кое долго време го запоставувала, се справувала со траумите од минатото и размислувала за лекциите што ги научила од претходните врски.
Преку процесот на самооткривање, таа стекнала чувство на самодоверба, што на крајот го отворило патот кон поисполнет однос со нејзиниот партнер, кој ја ценел таква каква што е.
Негувајте автентични врски
Младешката љубов вирее на импулсивна страст, додека зрелата љубов бара компатибилност, споделување заеднички вредности и меѓусебно почитување. Ова бара подготвеност да бидете ранливи и отворени во новата врска, дури и по цена да излезете од вашата комфорна зона.
Друг клиент, 62-годишен вдовец, како што објаснува психологот, се помирил со осаменоста по смртта на својата партнерка. Меѓутоа, по година и пол психологот го охрабрил да се отвори за запознавање партнерка онлајн.
На овој начин, тој изградил вистински врски со потенцијални партнерки, вклучувајќи се во разговори и споделувајќи ја својата страст и ранливост. Ваквата неговата автентичност одекнала кај Сузан, која била разведена и минувала низ слични компликации при забавувањето. Нивната врска подоцна се развила и била исполнета со разбирање и дружење, што довела до исполнет однос изграден на доверба и искреност.
Бидете трпеливи
Иако потрагата по љубов во вашите 50-ти може да изгледа како трка со времето, влегувањето во врска од очај може да доведе само до поголемо разочарување. Прифаќањето на моќта на трпението им овозможува на повеќето да веруваат во својот „тајминг“ – дека вистинската личност ќе се појави во вистинско време.
Психологот го навел примерот на еден од неговите клиенти кој се развел на 56-годишна возраст. Неуспешно барал љубов и бил исфрустриран од недостатокот на успех. Потоа решил да се повлече и да се посвети на негувањето пријателства и обновувањето на својата страст. Стекнал внатрешен мир, а новата љубов дошла кога најмалку очекувал – на локален час по уметност. Таму ја запознал својата сегашна партнерка, со која развил длабока врска.