Подуен стомак: Ако се прејадовте, овие работи ќе ви помогнат полесно да ја сварите храната

popara5 мај, 20241min00
82914_zena-stomak-shutterstock-686243263_f

После јадење, дали се чувствувате надуени, имате гасови, болки во стомакот и други проблеми со варењето? Применете ги овие совети и непријатноста брзо ќе помине.

Пијте чај од анасон

Овој чај го регулира варењето, ги ублажува грчевите и помага во исфрлањето на гасовите. Одлично е и ако страдате од запек. Во една шолја зовриена вода ставете една лажица мелено семе од анасон (или кесичка чај). По пет минути, процедете и пијте.

Циметот помага

Циметот е еден од најстарите зачини што ги користеле старите Грци за подобрување на варењето. Во чаша млака вода ставете половина лажичка цимет, промешајте и испијте. Или измешајте го со една лажичка мед и јадете го така.

Прошетајте после јадење

По оброкот, излезете надвор и лежерно прошетајте 15 минути. Истражувањата покажале дека на тој начин се поттикнува работата на цревата, па храната побрзо ќе се вари. Ако не можете да одите на прошетка после оброк, правете го тоа барем еднаш дневно.

Храна со пробиотици

Храната богата со овие добри бактерии го подобрува варењето. Пијте кефир, јадете кисели краставички и други кисели зеленчуци, особено кисела зелка. Само две лажици кисела зелка содржат околу милион добри бактерии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag