ПОЗИЦИЈАТА ВО КОЈА СПИЕТЕ ИЛИ СЕ БУДИТЕ ЈА ОТКРИВА ВАШАТА АМБИЦИЈА! Кој се шири во креветот, има…

popara31 октомври, 20241min00
494370_x34997_f

Омилената положба за време на сонот, но и будењето може да ви покаже колку сте самоуверени и колку сте храбри

Така, оние кои обично се шират по целиот кревет важат за амбициозни и моќни луѓе, а оние кои наутро спијат стуткани или ги отвораат очите во таква положба, покажуваат дека се ранливи и дека ги мачат некакви маки.

Социјалниот психолог д-р Ејми Кејди од Универзитетот Харвард, која со години ја истражува моќта на говорот на телото, во најновата студија тврди дека можеме да ја зајакнеме нашата самодоверба ако внимаваме на положбата во која спиеме.

– Околу 40 отсто од луѓето спијат во поза на фетус, а тоа се многу емотивни и чувствителни луѓе, меѓу кои има повеќе жени отколку мажи. Спиењето во фетална положба може негативно да влијае на успехот на сите полиња бидејќи потсвесно делува онака како што се гледате себеси. Едноставно е – вашето тело влијае на вашиот ум, вашиот ум влијае на вашето однесување, а вашето однесување влијае на исходот – објаснува д-р Кади.

Според нејзината студија, дури и проблемите со работата кои ги имале испитаниците немале никаква врска со начинот на кој го правеле тоа, туку дошле од нивната несигурност дали се доволно добри и било забележано дека најчесто спијат во фетална положба.

– Ако спиете стуткано како фетус, во покорна положба, потсвесно си испраќате порака дека немате или не сакате да имате лична моќ. Истото е и со држењето на телото кога ги извршувате секојдневните задачи. Можете да вежбате да размислувате позитивно и да имате високо крената глава и да се трудите да се чувствувате удобно во креветот секоја вечер. Најдобрата поза е со испружени раце и нозе и зафаќање што е можно повеќе простор во креветот – предлага д-р Кади.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag