Адел најави дека ќе настапи во Европа за прв пат од 2016 година, со серија од четири концерти во Минхен, Германија, ова лето.
„Пред неколку месеци добив покана за летни концерти. Бев среќна со моите настапи во лондонскиот Хајд Парк и престојот во Вегас, па немав други планови“, се вели во објавата.
Пејачката во продолжение наведе голем број причини за одржување на концертите, кои се закажани за 2, 3, 9 и 10 август, вклучувајќи го и фактот дека УЕФА Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија.
„Не сум настапувала во Европа од 2016 година! Не можев да замислам поубав начин да го поминам летото и да ја завршам оваа прекрасна фаза од мојот живот и кариера со концерти поблиску до дома за време на едно толку возбудливо лето“, додаде таа.