Холивудската актерка, која со години се бори со опасна болест, решила да преземе одредени чекори и да исполни една желба на својата мајка пред нејзината смрт.
Познатата актерка Шенон Доерти (52) која со години храбро се бори со ракот на дојката е во последната, четврта фаза од болеста. Неодамна, зборувајќи во подкастот „Да бидеме јасни“, таа изјави дека токму поради тоа го продава и подарува својот мебел.
Шенон изјавила дека се труди да и ги олесни работите на нејзината мајка Роза Доерти во случај да умре.
– Мојот приоритет во моментов е мајка ми, знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред неа – рекла актерката, а потоа додала:
– Бидејќи ќе и биде толку тешко, сакам другите работи да бидат многу полесни. Не сакам да има еден куп работи со кои ќе се занимава. Не сакам да има четири складишта полни со мебел – изјавила актерката.
Таа се отвори за нејзината болест и рече дека знае дека на блиските никогаш нема да им биде лесно да зборуваат за таа можност, но дека мора да размисли за тоа.
View this post on Instagram
Доерти, која ја играше Бренда Волш на хитот на Foks од 1990 до 1994 година, рече дека нејзината наклонетост кон купување антиквитети резултирала со огромна колекција на мебел и дека и е „жал“ што пропаѓа во складиштето.
– Јас не уживам, а и другите не, и дали навистина ми треба нешто од тоа? Дали треба да имам три трпезариски маси? – изјави актерката.
Ѕвездата планира да продаде дел од своите работи за да собере средства за патување со нејзината мајка.
– Ова не ми треба, не ми носи многу радост, но она што ми носи голема радост е да ја однесам мајка ми на местата каде што отсекогаш сакала да оди.
Шенон рече дека одморот што го планира, финансиран од продажбата на наведените предмети, нема да ги намали парите што планира да им ги остави на своите најблиски.