Холивудската актерка Хилари Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер во април минатата година за прв пат станаа родители на близнаци, девојче и момче.Од кога стана мајка, познатата оскаровка често на социјалните мрежи споделува настани од нејзиното секојдневие, но имињата на своите деца ги чуваше во строга тајна. Меѓутоа, по повод Денот на вљубените, ѕвездата од филмот „Девојка од милион долари“ сподели преслатка фотографија од своите малечки и на оригинален начин ги откри нивните имиња.
Минатиот април семејството на актерката Хилари Свонк и претприемачот Филип Шнајдер стана побогато со два члена – близнаци, кои славната оскаровка ги роди на 49-годишна возраст.По повод Денот на вљубените, 49-годишната актерка објави неодолива слика од своите деца и конечно ги откри имињата на ќерката и синот.
View this post on Instagram
„Имам напорна недела со ток-шоуа каде што ќе зборувам за мојот нов филм и забавното партнерство, но сфатив кој ден е помислав да ги споделам имињата на моите две мали љубови со сите вас. Среќен ден на вљубените. П.С. Кој друг има бебиња кои мислат дека песокот се јаде?’, напишала Оскаровка со слика од нејзините малечки кои седат на песочна плажа, а покрај нив пишуваат нивните имиња – Аја и Ом.
Ѕвездата на филмот „П.С. Те сакам” и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер добија близнаци во април минатата година, неколку дена пред Велигден, и двајцата се нивни први деца.
Актерката веста за доаѓањето ја објави на крајот на октомври 2022 година, откривајќи дека чека близнаци на 49 години. Во интервју за магазинот „ Extra“, таа потоа објасни зошто на 48-годишна возраст донела одлука да стане мајка за прв пат.
View this post on Instagram
„Ја бркав кариерата, но немав вистинска врска до пред четири години. Сите овие елементи требаше да дојдат сами по себе и сами да се уредат. За мајчинството размислувам уште од мала. И тоа цело време ми беше на ум, па убаво е што конечно сум бремена“, признала таа.
За потсетување, двократниот добитничка на престижната филмска награда Оскар и претприемачот Шнајдер се во брак од 2018 година, кога се венчаа по две години врска во тајната на романтична калифорниска шума.