Познатата пејачка и раперот повторно ставија точка на бракот – сака старателство над децата, а ова е ПРИЧИНАТА за распадот на бракот

popara1 август, 20241min00
Screenshot_1

Раперката Карди Би (31) повторно поднела барање за развод на бракот со раперот Офсет (32). Како што пишува таблоидот „Ти-ем-зи“, таа поднела барање поради гласините за изневерување, но дека неговата афера не била главната причина за нивната разделба.

 

 

 

 

„Тие се оддалечија. Тоа е она што ја доведе до оваа одлука, повеќе од што било друго. Ова е нешто што таа сака да го направи“, изјавил извор.

 

Раперката бара старателство над нивните деца – ќерката Калчр (5) и синот Вејв (2).

 

Да потсетиме, гласините дека Офсет е неверен партнер постојат уште од самиот почеток на нивната врска. Оваа недела, раперот ги демантираше најновите гласини за неверство, откако беше забележан во јавност со жена со која се забавувал пред да стапи во брак со Карди Би.

 

И минатата година имаше гласини дека Офсет ја изневерува Карди Би со поранешна девојка, но тој и тогаш ги демантираше тие гласини.

 

„Пејџ сикс“ пишува дека разводот не го изненадил Офсет бидејќи и двајцата веќе некое време се обидуваат да сфатат што да прават со нивниот брак.

 

„Тоа не е нешто што се случи преку ноќ. Тие го имаат истиот став на оваа тема. Тие се оддалечија и тоа чувство стана посилно со текот на времето“, додава изворот.

 

Да потсетиме, Карди Би и Офсет се венчаа во септември 2017. Но, за време на нивниот брак, тие се разделуваа неколку пати. Во 2020 година, Карди Би за првпат поднесе барање за развод, но два месеци подоцна се предомисли и се смири со нејзиниот сопруг.

 

Минатата година, Карди Би повторно потврди дека се разведува од Офсет.

 

„Веќе некое време сум сингл, но се плашев. Не се плашев, едноставно не знаев како да му кажам на светот. Сакав да кажам порано, но не знаев како, па се предомислив. Но, веќе некое време е така. Тоа го сфаќав како знак. Сакам да ја почам 2024 година свежо и отворено. Ме интересира нов живот, нов почеток. И да, возбудена сум“, раскажа таа тогаш во видео, објавено на Инстаграм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag