Пејачката Кајли Миног навести дека планира да се повлече од сцената по објавувањето на нејзиниот нов сингл „My Oh My“.
Според извори блиски до Мирор, Кајли (56) признала дека би можела да ја заврши кариерата во Лас Вегас, слично како Елвис Присли кој таму ги поминал последните денови.
Тие и понудија доживотен аранжман
„Таму ми понудија доживотен престој“, изјави таа за Мирор, мислејќи на Волтер, дел од одморалиштето Венеција, каде што настапуваше од ноември 2023 година до мај оваа година.
Во четвртокот Кајли објави нов сингл и најави можност за издавање албум и заминување на турнеја.
„Ќе видиме, можеби ќе се занимавам со класика и ќе завршам во Лас Вегас. Резиденцијата беше голем успех за долговечноста. Духот на Волтер е чист, автентичен. Мојот нов албум „Tension“ е за простор каде што интимното и универзалното се здружуваат, а Волтер го претставува токму тоа. Креативниот тим дизајнираше средина каде што луѓето можат да станат и да танцуваат на нивните маси и да уживаат во ноќта. Таму имав 20 настапи. Беше брилијантно, настапите станаа луди. Беше како што се надевав. Тоа беше мешавина од клупско кабаре од 70-тите и Студио 54, луѓето станаа прилично диви“, рече таа за нејзините шоуа во Вегас.
Kylie Minogue, 56, hints at retirement plans after releasing her new pop single My Oh My https://t.co/xIVR4M4gRr
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) July 12, 2024
„My Oh My“, е нејзиниот прв нов материјал по објавувањето на албумот „Tension“ во септември 2023 година. Оваа година таа веќе беше прогласена за Глобална икона на BRIT Awards, доби Греми за најдобра поп денс песна за синглот „Padam Padam“, присуствуваше на ексклузивен настан Мет Гала, ја заврши својата прва резиденција во Лас Вегас, настапи во WeHo и ја објави „Midnight Ride“. Изгледа премногу за ѕвезда која се наближува на 60-годишна возраст.
Австралиската ѕвезда има продадено над 80 милиони плочи ширум светот, има пет милијарди стримови и девет албуми бр.1 во Велика Британија. Нејзините бројни награди вклучуваат четири награди БРИТ, две Греми награди и две МТВ награди. Кајли е единствената жена изведувач што постигнала албум број еден и топ 10 сингл во пет последователни децении во ОК.
Деталите за кариерата во музиката, филмот и телевизијата пејачката планира да ги открие во нова книга. Мемоарите ќе ги опфатат нејзините музички, ТВ и филмски улоги, како и нејзиниот љубовен живот и сигурно ќе предизвика големо внимание од издавачите.
„Кајли е на врвот на кариерата и чувствува дека сега е совршено време да пишува за нејзиниот живот и да се присети“, рекол извор близок на пејачката.