Актерката Шерон Стоун (65) отворено проговори за искуствата со онлајн запознавањето. Во интервју за „Тајмс“, Стоун се отвори за нејзините искуства со апликациите за запознавање како „Тиндер“ (Tinder) и „Бамбл“ (Bumble).
Се чини дека еден состанок особено ѝ останал во меморијата. Состанокот со „зависник од хероин, кој очигледно бил 20.000 дози хероин постар од сликата што ѝ ја испратил“ се случил во хотелот „Бел-Ер“. Сепак, тоа не траело долго, открила актерката, пренесува „Њујорк пост“.
– Му реков на келнерот: „Ќе пијам чаша вода“. Тој имаше коктел, абсинт или нешто слично, а јас реков: „Жал ми е, не можам да останам“ – се сеќава таа.
Но, таа имала и подобри искуства. За време на пандемијата, на пример, таа имала две искуства кои биле онлајн, а со тоа им помагала на тие мажи да ги надминат неодамнешните прекини. „Бев речиси како терапевт“, рекла таа.
– Еднаш некоја жена сакала развод, а тие имаа две мали деца. Тој се бореше да го процесира тоа. Друг раскина со неговата девојка. Таа забремени и наместо да се омажи, абортираше… Тој беше сѐ уште е многу вљубен во неа и му помогнав да го реши тоа“, изјави актерката.
Стоун открила и дека не користи апликации за да најде некого „за една ноќ“ бидејќи таквите луѓе можат да се сретнат во обично кафуле. Таа додала дека запознала типови на мажи кои никогаш не би ги запознала во реалниот живот, а моментално разговара со воздухопловен инженер. „Ова е годината во која сакам да се заљубам – 100 отсто“, изјавила познатата актерка.