Познатата американска пејачка и раперка, Ники Минаж, денеска е уапсена на аеродром во Холандија, неколку часа пред нејзиниот закажан концерт во англискиот град Манчестер.
Минаж напиша на платформата „X“ дека „тамошните надлежни служби тврдат дека ѝ пронашле марихуана“, пренесува „Sky News“.
Портпаролот на холандската полиција Роберт ван Капел потврди дека „на аеродромот Шипол е уапсена 41-годишна Американка поради поседување лесна дрога“.
Пејачката на Инстаграм во живо емитувала разговор со полицајците кои ја опколиле и и рекле дека мора да оди со нив. Со мирен глас и рекле да го прекине снимањето, но таа и покрај тоа продолжила да снима.
„Каде ме носите?“
„Треба да дојдете со нас во полициска станица“.
„Дали сум приведена?“
„Да“, рекол еден од полицајците.
Nicki Minaj has reportedly been arrested by Dutch police while on live. pic.twitter.com/ne3DdEmm9I
— Rap Alert (@rapalert6) May 25, 2024
Пејачката потоа објавила уште едно видео, од полициското возило, во кое полицаецот и објаснува дека ќе ѝ го претресат багажот бидејќи веруваат дека пренесува наркотици.
„Зошто не го направивте тоа веднаш“, прашала раперката, а полицаецот одговорил дека неговиот колега сметал дека тоа не е потребно, а потоа повторно ја предупредил да го прекине снимањето во живо.