Кристијан Слејтер и неговата 19 години помлада сопруга Британи Лопез го очекуваат своето второ заедничко дете. Среќната вест ја открија на црвениот тепих на премиерата на „Unfrosted“ во Лос Анџелес, а парот веќе ја има 4-годишната ќерка родена во август 2019 година, чие име никогаш јавно не го открија. Иако ова ќе биде нивно второ дете, американскиот актер кој стана најпознат благодарение на улогата во телевизиската серија „Мистер робот“, има уште две деца од првиот брак со Рајан Хадон, и тоа 22-годишната Елијанана Софија и 25-годишниот Џејден Кристофер.
Слејтер и Лопез се запознале на Флорида додека биле на одмор и се венчале тајно во 2013 година по три години врска. „Тоа ќе биде мала, интимна свадба во кругот на семејството“, изјави познатиот актер пред венчавката, откако во 2012 година ја прославија свршувачката со над двесте гости. Во една прилика тој зборуваше за родителството и колку тоа искуство всушност го променило.
„Кога ќе погледнам наназад на мојот живот, можам да кажам дека сум среќно оженет и мило ми е што имам одличен однос со моите деца“, изјави тој во интервју за Interview Magazine во 2015 година. Синот на актерот Мајкл Хокинс и продуцентката Мери Џо Слејтер, тој ја започна својата кариера како дете.
„Со оглед на тоа што татко ми беше актер, а мајка ми агент, ги видов двете страни на тој свет. Првата работа ја добив кога сè уште бев во пелени, а тоа беше за Памперс. Секогаш одев во театар со татко ми. Го молев да ме земе со мене. Пораснав во театар и ги гледав врвните претстави.Глумев детенце кое паѓа од скејтборд,имав да кажам можеби две реченици текст, но целата екипа на сетот ме награди со аплауз, но од тој момент бев навлечен на тој звук “, се присети Слејтер на неговите актерски почетоци.