Премиерата на втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“, „Игра на лигни“ (Squid Game), е закажана на 26 декември. Стриминг гигантот ја најави премиерата на долгоочекуваната нова сезона на јужнокорејската акциона драма преку краток трејлер, а во објавата се додава и дека третата и последна сезона ќе излезе во 2025.
Во 2022 „Игра на лигни“ испиша историја откако стана прва азиска серија која освоила Еми награди. Глобалната сензација на „Нетфликс“ се закити со шест награди, меѓу кои се истакнуваат за најдобар актер во драмска серија (Ли Џунг-џае) и за најдобра режија (Хванг Донг-хјук).
Сместена во модерно време во Јужна Кореја, „Игра на лигни“ следи група од 456 луѓе кои се поканети да учествуваат во смртоносни детски игри на тајна локација, а победникот освојува награда од 45,6 милијарди вони (38,7 милиони долари).