АКАДЕМИЈАТА за филмска уметност и наука го објави датумот на следните Оскари.
97-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 2 март 2025 година, а номинациите за него ќе бидат објавени на 17 јануари.
Штом Академијата го објави датумот, почнаа и предвидувањата. Во коментарите веќе пишуваат многу луѓе кои би можеле да бидат номинирани следната година, но и да победат во која категорија.
Така, меѓу другото, во категоријата најдобар филм се споменуваат Joker: Folie à Deux и Dune 2, Денис Вилнев како најдобар режисер и Лејди Гага како најдобра актерка.