Полната месечина во Близнаците, последна за оваа година: Овие знаци особено погодени од положбата на планетите, мора да искористат една шанса

popara4 декември, 20241min00
Screenshot_5

Полната Месечина во декември 2024 година, позната како Студена Месечина, ќе го осветли небото со својата светлина на 15 декември, воведувајќи една од најмагичните ноќи во годината.

 

 

Тоа е последната полна Месечина во годината, која носи длабоко симболично значење на завршување и подготовка за нови почетоци. Овој пат Месечината ќе изгрее во знакот Близнаци, што значи дека нашите односи, комуникација и внатрешниот дијалог ќе бидат ставени под лупа. Тоа е моментот кога јасно гледаме што ни служи и што е време да оставиме зад нас. Ова е месец кој не повикува да размислуваме за изминатата година, но истовремено носи можност за ослободување од старите товари.

 

Оваа полна Месечина е посебна, бидејќи со неа го затвораме не само месецот, туку и енергичната година, која за многумина беше полна со предизвици и промени. Декемвриската полна Месечина ќе бара од нас да бидеме искрени со себе и со другите, што значи дека можеме да очекуваме ненадејни сознанија, емоционални откритија или дури и промени во плановите. Но, не грижете се – се’ што ќе излезе на виделина е за нашиот личен раст. Подгответе се да ја прифатите нејзината енергија и да се предадете на месечевата светлина која може да ви го осветли патот кон подобро утре.

 

Декемвриската полна Месечина не е обичен лунарен настан. Тоа е Студената Месечина, која со својата енергија го симболизира зимскиот одмор, но во исто време ја отвора вратата за интроспекција и размислување за изминатата година. Месечината ќе биде во знакот на Близнаци, што значи дека комуникацијата, љубопитноста и интелектот ќе бидат во прв план. Сепак, да не заборавиме, полната Месечина е позната и по тоа што носи интензивни емоции, неочекувани пресврти и разрешување на старите конфликти.

Оваа полна Месечина дава можност и за „енергетско чистење“. Ова е време кога можеме да се ослободиме од сè што повеќе не поддржува – стари навики, разочарувања и непродуктивни шеми на размислување.

 

 

Кој ќе го почувствува најголемиот шок?

Близнаци и Стрелец: Оваа Месечина ќе има најсилно влијание врз вас бидејќи се одвива во вашиот знак. Очекувајте интензивни внатрешни промени, особено во областа на врските и личните цели. Бидете искрени со себе и искористете ја оваа енергија за нови почетоци.

Риби и Девица: Емоционалната енергија ќе биде исклучително силна, што може да ве доведе до интроспекција или дури и солзи, но не грижете се, ова е дел од процесот на лекување. Дозволете си одмор и фокусирајте се на внатрешниот мир.

Вага и Водолија: За вас ова ќе биде период на одлични можности за разговори, вмрежување и решавање на недоразбирањата. Следете ја вашата интуиција и не плашете се да ги поставите вашите граници.

 

Декемвриската полна Месечина нè повикува да погледнеме внатре, да ги прифатиме нашите чувства и да се подготвиме за нови почетоци. Иако е поврзана со чувствата на затворање, таа носи и семе на надеж за годината што претстои. Затоа, погледнете кон небото, вдишете длабоко и запомнете: секогаш имаме можност за нова приказна.