ПОЛНЕТИ КОМПИРИ: Сочен, вкусен и пикантен, ваков досега не сте јаделе

popara2 јануари, 20241min00
72477_punjeni-krompir-stock-photo-hot-baked-stuffed-potato-with-cheese-bacon-parsley-on-wooden-table-smanjena-512141413-copy_f

Потребно е:

8 компири
250 мл кисела павлака
250 гр сланина
50 гр путер
100 гр печурки
магдонос
сол, бибер

Подготовка:

Варете ги компирите заедно со кората околу 40 минути во солена вода. За тоа време на путер пропржете ситно сечкани печурки заедно со сланина исечкана на коцки. Кога малку ќе се олади, измешајте ја павлаката и сечканиот магдонос. Изладените компири исечкајте ги по должина на половина, секоја половина издлабете ја, па содржината измешајте ја со подготвената смеса од печурки и шунка. Зачинете ги и наполнете ги компирите, па наредете ги во плех за печење. На секоја половина ставете парче путер и печете околу 20 минути на 200 степени. За сервирање, украсете со свеж магдонос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag