За здрава и убава коса, најважните витамини се оние што ги внесувате секој ден. Со соодветни витамини, го подобрувате квалитетот на вашата коса на природен начин.
Така, на пример:
Витамин Ц: Помага во зајакнување на имунолошкиот систем, но и во растот и зајакнувањето на косата. Му помага на телото да создаде колаген и е многу важен протеин за косата, кожата и ноктите. Најдобро е да се внесува преку храна и најмногу го има во брокула, јагоди, киви и во црвената пиперка.
Витамин Б: Првите знаци на недостиг на овој витамин се замор, малаксаност и многу бавен раст на косата, а најдобри извори на овој витамин месото, јајцата, оревите, како и житарките.
Витамин Е: важен е за раст и здравје на косата. Се препорачува маслото, кое го содржи овој витамин да го нанесете и втриете во скалпот, за да го поттикнете растот на косата. Може да го најдете во бадеми, авокадо и брокула.
Витамин А: Помага при производство на себум на скалпот што спречува сушење на косата. Храна богата со овој витамин се морковите, зелечукот со лисја и дињите.