Популарна диета лоша за здравјето! Ново истражување предупредува на опасностите

popara22 мај, 20241min00
Screenshot_4

Според најновите истражувања, популарната кето диета може да предизвика стареење на органите и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и рак.

 

 

 

 

Според новите сознанија, кетогената или кето диетата предизвикува акумулација на оштетени клетки во органите на глувците, што укажува дека овој тип на исхрана може да го забрза стареењето на органите, зголемувајќи го ризикот од срцеви заболувања и рак.

 

Во последно време се повеќе луѓе, со цел да ослабат, експериментираат со кето диетата, при што во организмот се внесуваат малку јаглехидрати и многу масти.

 

Бидејќи претходните истражувања покажаа различни ефекти од овој тип на диета, д-р Дејвид Гиус од Медицинскиот универзитет во Сан Антонио и неговите колеги одлучија да направат тестови на глувци.

 

Три недели хранеле шест глувци со диета во која повеќе од 90 отсто од калориите потекнуваат од масти, а помалку од 1 отсто од јаглехидрати. Друга група глодари јадела стандардна диета во која 17 отсто од калориите потекнуваат од масти, а 58 отсто од јаглехидрати.

 

Научниците потоа анализирале примероци од ткиво од срцата, бубрезите, црниот дроб и мозокот на глувците. Тие откриле дека кај животните на кетогена исхрана значително повеќе стареат клетките во нивните органи во споредба со оние на стандардна диета.

 

На пример, нивните бубрези покажале просечно четири пати поголема количина на маркери за стареење на клетките.

 

Нивото на лоши клетки се зголемува со возраста, а се чини дека кето диетата може да го забрза нивното акумулирање и стареење.

 

Овој тип на исхрана затоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес тип 2, велат експертите.

 

Кога експертите повторно вовеле стандардна диета на глувци на кои некое време им давале кето оброци, стареењето на клетките било намалено.

 

– Иако кетогената диета е веројатно добра, очигледно не е за секого. Што е најважно, треба да направите пауза – рекол докторот Гиус, а пренесува „New Scientist“.

 

Истражувањето кое носи ново знаење за кето диетата е објавено во списанието „Science Advances“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag