Познатата платформа за стриминг на музика Spotify најави зголемување на цените на своите услуги од јули во САД, но се очекува тоа да се прошири и на западните пазари во периодот што следи.
Премиум планот на Spotify ќе чини 11,99 долари месечно, за еден долар повеќе од претходните 10,99 долари. За планот Duo, кој користи двајца корисници, ќе биде поскап за два долари со цена од 16,99 долари. Планот наменет за семејства се зголемува за три долари на 19,99 долари.
Студентскиот план е единствениот чија цена од 5,99 долари месечно нема да се промени.
Интересно, новите цени ќе го направат Spotify поскап од Apple Music во САД, кој сè уште чини 10,99 долари и 16,99 долари месечно за индивидуални и семејни планови, соодветно.
Сепак, овој потег на Spotify може да го „мотивира“ Apple да ги зголеми цените за да одговараат на својот ривал. Продажбата на слични работи по исти цени е очигледно капиталистичка конкуренција.
На Spotify изминатиов период му оди доста добро, приходите се зголемени за 20 проценти, а има зголемување на претплатниците за 14 проценти. Значи, тоа не е очајнички потег да заработат повеќе пари, туку обид да се искористи најдоброто од убавите времиња.
Spotify претходно ги зголеми цените во јули минатата година, кога премиум планот отиде од 9,99 долари на 10,99 долари.