Салото на стомакот е најголемиот непријател на добриот изглед и на здравјето, а истото најбрзо се таложи и најбавно се отстранува.
Освен редовните физички вежби и промената на животните навики, следниот ваш чекор при неговото отстранување е избегнување на храна која го „храни” салото.
Овие 5 се најупорните и најопасни намирници кои создаваат маснотии:
- Газирани пијалаци
Една или две чаши газиран пијалак дневно предизвикува до 5 пати побрзо собирање на масните наслаги на пределот од струкот. Количината на шеќери кои се наоѓаат во газираните пијалаци во вас создава желба за повеќе храна и така се вртите во круг, од пиење на нездрав пијалак па сѐ до непотребно прејадување.
Диеталните безалкохолни пијалаци го забавуваат метаболизмот и содржат шеќери, кои пак вишокот на храна го претвораат во маснотии.
- Храна богата со рафиниран шеќер
Слатките, различните преливи за салати, сендвичите и сувомеснатите производи имаат мала хранлива вредност и преполни се со празни калории, кои го поттикнуваат телото да собира маснотии во подрачјето на стомакот.
- Сирење
Сирењето е одличен извор на калциум, но сепак содржи маснотии. Дури и мало парче на сирење може да содржи половина од препорачаната дневна доза на внесување на масти.
- Алкохол
Алкохолните пијалаци консумирани на дневна база оставаат траги на струкот. Сите врсти на пијалаци се наменети за забавување на процесот на согорување на масти во телото.
- Премногу солена храна
Солта не содржи калории, но овој најраспространет зачин предизвикува собирање на вода во телото, го зголемува апетитот и потребата за пијалаци. Солта која сами ја додаваме во храната можеме да ја регулираме количински, но проблемот е во солта која што се наоѓа во преработената храна како кај готовите оброци.
Решение:
За да го намалите собирањето на маснотии на пределот од стомакот целосно избегнувајте ги, или намалувајте го внесувањето на шеќери и алкохол, не пијте повеќе од 2 чаши кафе, или премногу јак чај во текот на денот. Јадете ги добрите масти од рибите, гравот, леќата и житарките.