Поради фаталната црнка, Бред Пит конечно почна редовно да се тушира! Инес де Рамон од него направи нов човек и сите ѝ се благодарни

popara20 јули, 20241min00
Screenshot_11

Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не водел грижа за личната хигиена, почнал редовно да се тушира, па да оди и во спа центри, само за да ја усреќи девојка му Инес де Рамон. Истовремено, тој размислувал да основа семејство со неа, особено бидејќи не е во контакт со неговите деца.

 

 

 

 

Во јавноста одамна се шпекулира дека Бред Пит не водел грижа за личната хигиена, а истото го имаат потврдено и луѓе кои се блиски до него.

 

Претходно, некогашниот цимер на актерот – Џејсон Пристли – изјави дека кога живееле заедно, и двајцата биле „одвратни“ и не се бањале со денови.

 

Други луѓе кои соработувале со актерот имаат изјавено дека тој до денес избегнувал да се бања и понекогаш само се бришел со влажни марамчиња.

 

Сепак, извор близок до Бред Пит вели дека сега, благодарение на девојка му Инес де Рамон, актерот конечно почнал да води подобра грижа за личната хигиена.

 

„Многу се промени за Инес. Бред не се тушираше често и избегнуваше да ја мие косата. Користеше сапун и вода само кога ќе се натераше да оди под туш, а притоа избегнуваше да користи дезодоранс или нешто слично.

 

Обично поминуваше неколку денови без да се избања, што е навистина чудно, кога ќе се земе предвид дека е секс симбол.

 

Но, со Инес, сè е поразлично“, открива извор за магазинот InTouch Weekly.

 

Актерот го дал најдоброто од себе за да биде привлечен за новата девојка.

 

Обрнувал повеќе внимание на облеката, дозволувал таа да му купува парфеми, а почнал и да ги чисти забите со конец – работи што воопшто не ги правел претходно.

 

„Сега дури и сака заедно да одат во спа центри, на масажа, на третмани за лице… Бред многу сака лосиони за тело и кремови за лице.

 

Луѓето околу него се пресреќни што се подобри во однос на личната хигиена“, додава изворот.

 

Додека љубовта со Инес цути, Бред Пит уште води судска битка со Анџелина Џоли, а наводно одамна нема никаков контакт со нивните деца.

 

Но, Инес била овде да го утеши и проблемите со Џоли всушност ги зближиле.

 

Истовремено, тој размислувал и да основа семејство со Инес.

 

„Тажно е за Бред што нема никаква врска со неговите деца, но Инес му е утеха и ова ги зближи. Размислува и за други деца.

 

Инес е млада, а Бред вели дека ја поддржува ако сакаат да имаат деца. Му се допаѓа идејата да почне нов живот со неа.

 

Бред смета дека Инес ќе биде прекрасна мајка. Трпелива е, добра и има одлична смисла за хумор. Со други зборови, нивната врска е хармонична, без драма.

 

Бред сака да го помине животот со неа“, вели извор близок до парот.

 

Бред и Инес првпат беа забележани заедно во ноември 2022 година и оттогаш се практично неразделни.

 

Немаат зборувано за нивната врска, но честопати се појавуваат заедно во јавност.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma