Поранешната сопруга на Бил Гејтс користела метод препорачан од психолозите за воспитување на децата

popara26 август, 20241min00
Бил и Мелинда Гејтс

Мелинда Френч Гејтс неодамна зборуваше за “The New York Times” за методите што ги користела за воспитување на своите деца со нејзиниот поранешен сопруг и милијардер Бил Гејтс и истакна дека финансиската одговорност и работната етика играат значајна улога.

Три деца на Мелинда Френч Гејтс пораснаа во едно од најбогатите семејства во светот. Не сакајќи да одгледува „разгалени деца на богатите“, Мелинда вели дека работеле за да им овозможат нешто слично на воспитување од „средна класа“.

„Мислам дека тоа беше многу повеќе од средината во која пораснав: домаќинство од средна класа каде парите одредуваа дали ќе добијам дополнителен пар чевли таа година, нели? И мислев дека тоа е добар принцип“. изјавила Мелинда за “The New York Times”.

Мелинда пораснала во Далас како едно од четирите деца на аеронаутички инженер и домаќинка. Таа се омажи за ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс во 1994 година, а парот заедно одгледа три деца пред да се разведат во 2021 година, пренесува klix.ba.

Во интервјуто таа беше прашана како богатите родители можат да ги „приземјат своите деца“.

„Прво, тие имаа џепарлак, па ние апсолутно не им купувавме работи“, изјави Мелинда, „И тие мораа да купат нешто со свои пари или да го стават на списокот со желби, можеби да го добијат од нивните баба и дедо или од нас за роденден или Божиќ“.

Децата на Гејтс, сега во нивните 20-ти, исто така се охрабруваат да заштедат најмалку една третина од својот џепарлак за добротворни донации.

Френч Гејтс беше искрена со своите деца за тоа како потекнувањето од семејство со многу пари може да ги изолира од нивните врсници, признавајќи дека не сака да „одгледа такви богати деца кои би можеле да го видат името на нивното семејство на зграда и да веруваат дека имаат право на посебен третман“.

Едноставно, ако не им дадете на вашите деца сè што сакаат, можете поефикасно да помогнете во обуката на нивната идна работна етика, велат психолозите како Ејми Морин и други експерти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma