Поранешниот британски премиер го прекрши кралскиот протокол, објави детали за болеста на кралицата Елизабета во мемоарите

popara2 октомври, 20241min00
BRITAIN-SCOTLAND-ROYALS-QUEEN

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон го прекрши кралскиот протокол и во своите претстојни мемоари тврди дека кралицата Елизабета Втора боледувала од рак на коските пред нејзината смрт.

Во книгата, која ќе се појави на полиците на 10 октомври и беше објавена оваа недела во весникот Дејли Меил, тој се потсети на последните денови на кралицата во Балморал во Шкотска.

Џонсон формално се повлече само два дена пред смртта на Елизабета Втора во септември 2022 година, а оттогаш имаше многу шпекулации за тоа како точно починала, пишува Си-Ен-Ен.

„Една или повеќе година знаев дека има форма на рак на коските, а нејзините лекари беа загрижени дека во секој момент нејзиното здравје ненадејно може да се влоши“, напиша Џонсон.

Неговата изјава е прва јавна индикација од поранешен висок владин функционер за тоа што можеби била причината за смртта на кралицата. Во нејзината смртна потврда е наведена „староста“ како причина.

Бакингемската палата вообичаено не ги коментира објавените книги за кралското семејство, па ни сега не ги коментираше тврдењата на поранешниот премиер.

Во своите мемоари, Џонсон се потсети и на неговата последна средба со кралицата. „Изгледаше бледа и понаведната и имаше темни модринки на рацете и зглобовите, веројатно од инјекциите“.

Сепак, додава тој, „нејзиниот ум бил целосно неоштетен од нејзината болест“. Покојната кралица никогаш не споделувала приватни медицински информации со јавноста. Соработниците во кралското домаќинство продолжуваат да тврдат дека членовите на семејството го имаат истото право на медицинска приватност како и сите други.

Кралот Чарлс Трети и Кетрин, принцезата од Велс го отфрлија трендот и беа поотворени за нивното здравје. Двајцата споделија детали за нивните сопствени дијагнози за рак и како напредува нивното закрепнување. Сепак, никој од нив не го откри точниот рак со кој се бореле.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag