Порано работеше како продавачка, а сега се капе во милиони: Џорџина објасни како да се збогатите преку ноќ

popara19 февруари, 20242min00
Џорџина Родригез

Во неодамнешното интервју за Vogue, Џорџина Родригез се присети на моментите од нејзиниот „претходен“ живот кога работела.

Порано работеше во бутик, а денес живее сосема поинаков живот. Сè се промени кога таа се заљуби во Кристијано Роналдо, а Нетфликс направи серија за нејзината животна приказна наречена „Јас сум Џорџина“. Во неодамнешното интервју за Vogue, Џорџина Родригез се присети на моменти од нејзиниот „претходен“ живот кога работеше. Тогаш решила да си набави црвен паричник кој го носи со години. Таа објасни и зошто.

„Тоа е мојот прв брендиран паричник што го купив во “Prada” кога работев за нив. Црвен е затоа што клиентка од Азија, за време на кинеската нова година, дојде да купи многу паричници кои беа само во црвена боја, па ја прашав зошто баш сите се црвени“, рече Џорџина и додаде:

„Таа ми објасни дека црвената боја привлекува богатство“, рекла Џорџина, која поради тоа си дозволила паричник во оваа боја. Таа откри и што секогаш носи во својата скапа чанта – слатки за деца, шише вода, балсам за усни и маскара. По ова видео настана општа лудост по црвениот паричник.

Жените ширум светот, кои се сигурни дека црвениот паричник и помогнал на Џорџина да се збогати, посочија дека сакаат да го купат. „Ќе го порачам веднаш“, „Сега ќе купам црвен паричник“, „Зошто да не го пробате ова, можеби паричникот и донесе среќа“, „Не ја сакам црвената боја, но еве зошто ќе го имам“, напишаа многу жени.Погледнете го клипот:

 

@voguemexico La protagonista de la serie #SoyGeorgina de #Netflix y nuestra portada de febrero, @Georgina Rodríguez, nos muestra el primer monedero #Prada que compró cuando trabajaba en la tienda y todo lo que lleva en él. #georginarodriguez #georginagio #moda ♬ Aesthetic – Tollan Kim

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma