Посен чизкејк Не заостанува ни малку зад оригиналот, туку кремаст и неодолив

popara18 септември, 20241min00
Посен Чизкејк

Оваа торта, омилена на многумина, можете да ја направите дури и во деновите на постот.

За кората:

300 гр посен, мелен бисквит
125 гр маргарин
150 мл сок од портокал

За белиот фил:

500 мл билна слатка павлака
250 гр маргарин
20 гр желатин
100 ml вода

За филот со овошје:

800 гр малини
10 лажици шеќер
20 гр желатин
100 ml вода

Подготовка:

Во сад ставете ги мелените бисквити и растопениот маргарин и измешајте. Истурете го сокот и мешајте додека смесата не стане компактна. Ставете ја во плехот со прстен подготвената смеса и израмнете ја. Посебно со миксер се мати растителната слатка павлака, па се додава маргаринот и се мати убаво. Желатинот се раствора во вода, па се вари 2 минути. Потоа се трга од оган и се остава да се излади 2 минути. Постепено додавајте го во садот со слатката павлака и маргарин, притоа постојано матејќи. Потоа, врз кората нанесете го белиот фил. Во тенџере ставете малини и шеќер и измешајте. Растворете го желатинот во водата, па истурете го и измешајте. Варете додека не се згусне. Кога ќе се излади, нанесете го врз белиот фил. Оставете во фрижидер да се излади и стегне. Потоа извадете го прстенот и исечете го чизкејкот на парчиња. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag