Потребно е:
2 лименки туна на парчиња
100 гр маринирани печурки
100 гр несолени печени кикирики
500 гр посни макарони
400 гр посен мајонез
5-6 кисели краставички
сол и бибер
Подготовка:
Гответе ги макароните како што обично би правеле. Извадете ја туната од конзервата и исцедете ја. Ситно исецкајте ги печурките и краставиците. Исечкајте ги кикириките. Во сад измешајте ги печурките, туната, краставиците и кикириките. Посолете и измешајте и соединете со макароните. Потоа додадете посен мајонез и сè полека измешајте. Оставете во фрижидер неколку часа. Пријатно!