Потребно е:
500 гр грав
5 суви лути пиперки
2 чешниња лук
30 мл масло
2 лажици оцет
Подготовка:
Вечерта пред подготовката натопете го гравот во вода и оставете го така. Следниот ден се цеди и се додава нова вода. Гответе го гравот додека не омекне. Сувите пиперки потопете ги во вода 10 до 15 минути, а потоа процедете ги. Потоа исечете ги по желба. Гравот ставете го во блендер и убаво изблендирајте го. Додадете пиперки, лук, оцет и масло. Посолете по вкус. Повторно добро измешајте. Намачкајте ја салатата врз леб или додајте како прилог во омиленото јадење. Пријатно!