Потребно е:
1 кг тиквички
5 чери домати
3 супени лажици ориз
500 мл сок од домати
копар
сол
бибер
главица кромид
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги, излупете ги и издлабете ги тиквичките. Исечете го кромидот и запржете го на малку масло. Додадете ги сечканите чери домати, внатрешноста на тиквичките и измиениот ориз. Зачинете со сол и бибер. Потоа зачинете со копар. Наполнете ги тиквичките со подготвениот фил. Полнетите тиквички наредете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со сок од домати, а потоа чаша вода. Се пече околу 45 минути, во рерна загреана на 200 степени. Пријатно!