На некои луѓе постојано им е ладно, без разлика на температурата или годишното доба. Постојат многу причини за тоа.
Доктор Арти Агарвал откри неколку можни причини за овој здравствен феномен.
Недостиг на мускулна маса
Како прва причина, докторката го наведува недостигот на маса во однос на целокупната телесна маса.
„Мускулите произведуваат топлина, а ако имате помала телесна маса, телото се обидува да ја сочува топлината така што крвта ја тера подалеку д рацете и нозете, што за последица има рацете и нозете да ви се ладни“, истакнува Агарвал.
Лоша циркулација
Следна можна причина е лошата циркулација, на која можат да влијаат многу фактори меѓу кои и дебелината.
На луѓето со слаба циркулација им се советува полесна исхрана, вежбање и избегнување пушење цигари.
Недостиг на витамини
Освен проблеми со циркулацијата, чувство на студ може да предизвика и недостигот на витамин Б12. Го има во секојдневните намирници како млеко, говедско, туна и сирење, па најчесто недостиг на Б12 имаат веганите и вегетаријанците.
Губење на тежината
Според некои истражувања, ненадејното губење тежина може да доведе до чувство човекот постојано да му е ладно, а за тоа постојат две причини.
Прво, поткожните масни наслаги делуваат како штит против ладно и ја задржуваат топлината. Втората причина е што драматичното намалување на внес на калории го забавува организмот, кој се обидува да сочува што повеќе енергија.
Тука е и хипотиреоза, автоимуна болест на тироидната жлезда, која може да доведе до чувство дека ви е ладно.