Постојано ви се јаде нешто слатко? Вашето тело ве предупредува дека му недостасуваат овие важни хранливи материи

popara24 мај, 20241min00
Screenshot_5

Доколку често консумирате намирници кои содржат шеќер, тоа може да остави сериозни последици по вашето здравје.

 

 

 

 

Неодоливата желба за шеќер може да се појави во било која доба од денот. И, додека многумина сакаат да јадат десерт, изразената желба за шеќер се карактеризира со незаситност. Според истражувањата, шеќерот предизвикува зависност, дури и како некој вид дрога, со слични ефекти на мозокот.

 

Доколку вашата желба за слатки станала главна мисла на денот и не се намалува ни после консумирањето слатки, можеби треба да ја побарате вистинската причина за тоа.

 

Ова се дел од причините:

 

Недостаток на магнезиум

Прво мора да го идентификувате видот на слатка храна за која имате потреба. Доколку ви треба чоколадо тоа би можело да значи дека на вашето тело му недостасува магнезиум, што деновиве е многу често, објаснува нутриционистот Елис Гудман.

 

Недостаток на витамини и минерали

Доколку сакате слатко овошје, вашето тело можеби ви кажува дека ви се потребни дополнителни витамини, минерали и антиоксиданти. Во некои случаи тоа може да значи дека нивото на шеќер ви е ниско, но во други тоа може да биде показател дека едноставно не јадете доволно овошје.

 

Недостаток на витамин Б

Недостатокот на витамин Б е уште еден сигнал зад потребата за шеќер. Витамините Б1, Б7 и Б12 се клучни за метаболизмот на гликозата. Доколку имате ниско ниво на витамин Б, вашето тело може да има проблем со разградување на гликозата за да произведе енергија, што може да доведе до тоа да имате желба за повеќе шеќер.

 

Премалку хром

Хромот е есенцијален минерал којшто го регулира метаболизмот на инсулин и гликоза, влијае на нивото на шеќер во крвта. Недостатокот на хром може да доведе до инсулинска резистенција и да ја зголеми желбата за шеќер. Некои вообичаени симптоми на недостаток на хром вклучуваат умор, раздразливост и депресија.

 

Недостаток на цинк

Цинкот е неопходен за функционирање на имуниот систем и правилно варење на храната, но одговорен е и за регулирање на нивото на инсулин и метаболизам на јаглехидратите.

 

Цинкот е неопходен за перцепција на вкусот и мирисот, а неговиот недостаток може да доведе до намалување на перцепцијата на вкусот, што доведува до поголем внес на шеќер и сол за да се надомести недостатокот на вкус. Недостатокот на цинк може да доведе и до ниско ниво на енергија, намален имунитет и желба за шеќер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag