Постојано сте безволни и поспани? Два брзи лекови за ЕСЕНСКИОТ УМОР, веднаш ја креваат енергијата

popara12 октомври, 20241min00
shutterstock_128113853

Преминот од лето во есен за многумина не е пријатен.

Затоа и не е чудно што се повеќе луѓе страдаат од есенски замор.

Летаргијата и поспаноста се предизвикани од недостаток на витамин Д и серотонин, а од проблемот најлесно е да се решите со промени во исхраната, објаснуваат ендокринолозите.

Експертите наведуваат два брзи и ефективни начини за инстантно зголемување на нивото на енергија:

Чоколадо

Чоколадото ќе ви го подигне расположението и ќе ви даде дополнителна енергија. Оваа храна е одличен „лек“ за есенската поспаност.

Ставете коцка чоколадо во устата и оставете ја да се растопи сама по себе. Ова најдобро ќе функционира, ќе ви ја зголеми енергијата и ќе ве направи повнимателни, објаснуваат ендокринолозите.

Кафе без млеко и шеќер

Кафето без шеќер и млеко ќе биде добар стимуланс. Една или две шолји од напитокот во текот на денот ќе ви помогнат да се ослободите од есенската поспаност и да ја зголемите концентрацијата и подобро да ги извршувате задачите во текот на денот.

Експертите забележуваат дека наесен поради недостаток на сончева светлина се менува хормоналната слика во нашето тело. Се намалува синтезата на серотонин, што во комбинација со недостаток на витамин Д може да доведе до чувство на слабост и апатија.

Ако промените во исхраната не помагаат, треба да побарате помош од специјалист.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma