Потребни ви се само 2 состојки за најчоколаден пудинг: Без готвење, готов за помалку од 5 минути, а вкусот е фантастичен!

popara8 август, 20241min00
Чоколаден пудинг

Чоколадниот пудинг е класичен, едноставен десерт што учиме да го правиме уште како деца. Но, овој супер лесен рецепт има своја уште поедноставна верзија.

За чоколадниот пудинг потребни ви се само 2 состојки. Првата е секако чоколадата која ја избирате по вкус, а втората состојка е тофу, односно соја сирење.

За овој рецепт треба добро да го исцедите тофуто, да го стопите чоколадото и двете состојки да ги соедините во блендер.

Потребно е:

– свилено тофу 250 гр

– чоколадо 250 гр

Подготовка:

Чоколадото растопете го во микробранова печка или на пареа. Нека се излади малку. Во блендерот додадете ја малку изладената стопена чоколада заедно со сечканото свилено тофу.Блендирајте со најголема брзина додека не добиете густа смеса. Проверете дали целото тофу е издробено и соединето со чоколадото. Готовиот пудинг ставете го во сад и добро изладете го во фрижидер пред послужување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag