Потребно е:
2 модри патлиџани
сол
бибер
1 мала лажица лук во прав
10 лажици брашно
2 чаши презла
3 јајца
10 лажици масло
Подготовка:
Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на прстени со дебелина од 1 cm. Посолете и оставете околу половина час да отстојат. Потоа измијте ги и исцедете ги. Покријте го садот со масло. Прстените од модар патлиџан се тркалаат во брашно измешано со лук, сол и бибер. Потоа се тркалаат во изматени јајца, па во презла. На крај секој патлиџан прелијте го со малку масло. Се пече околу 15 минути, во рерна загреана на 210 степени. Потоа превртете ги и печете уште 10 минути, од другата страна. Пријатно!