Почина Бернард Хил, глумецот кој го гледавме во „Титаник“ и „Господарот на прстените“

popara6 мај, 20241min00
The Lord of the Rings: The Two Towers (2002) usa

Актерот Бернард Хил, најпознат на јавноста по улогите во „Титаник“ и „Господар на прстените“, почина на 80-годишна возраст.

Во фантастичната трилогија „Господарот на прстените“, наградената со Оскар, Бернард Хил го играше Теоден, кралот на Рохан, додека во хитот на Џејмс Камерон „Титаник“ одлично го отелотвори капетанот Едвард Смит.

Смртта на 79-годишниот актер за Би-Би-Си ја потврди неговиот агент Лу Коулсон, кој рече дека Хил починал во раните утрински часови на 5 мај.

Помеѓу „Титаник“, снимен во 1997 година и „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“ во 2003 година, тој влезе во историјата како единствениот актер кој се појавил во повеќе филмови кои освоиле 11 или повеќе Оскари.

Музичарката Барбара Диксон се прости од Хил на Твитер, пишувајќи: „Со голема тага морам да го пренесам заминувањето на Бернард Хил. Работевме заедно на „Џон, Пол, Џорџ, Ринго и Берт“, неописливото шоу на Вили Расел во 1974-1975 година. Беше прекрасен актер и беше привилегија да се работи со него. Почивај во мир, Бени“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag