По битката со тешката болест, Шенен Доерти, актерката најпозната по улогата на Бренда Волш во серијата Беверли Хилс, вчера не напушти на 53-годишна возраст.
Познатата американска актерка Шенен Доерти за жал вчера ја загуби битката со ракот по долги години борба. Веста денеска ја потврди долгогодишниот публицист на Доерти, Лесли Слоун во изјава за американскиот магазин People.
„Посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, таа беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Боуви. Семејството бара приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, рече Лесли.
Најпозната по улогата на Бренда Волш во популарната серија Беверли Хилс, на Шенен Доерти првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Откако мина низ интензивни третмани, вклучувајќи хемотерапија и зрачење, нејзината болест отиде во ремисија, но за жал, во 2020 година таа објави дека ѝ се вратил ракот и дека е во четврта фаза.
Покрај нејзината популарна улога во серијата Беверли Хилс, Шенен имаше и значајни улоги во сериите како Charmed каде што ја играше Пру Халивел и серијата Little House on the Prairie. Шенен во текот на животот беше позната по својата сила и борбеност, а јавноста честопати споделуваше информации за нејзината борба со болеста преку социјалните мрежи, инспирирајќи многумина со нејзиниот позитивен став и искреност.
View this post on Instagram
Нејзината храброст и упорност во борбата против ракот оставила длабок впечаток на многу луѓе ширум светот, па преку својата работа и јавни настапи актерката се обидела да им помогне на другите кои се соочуваат со слични предизвици.
Шенен Доерти засекогаш ќе остане запаметена како талентирана актерка, борец и личност која допре и позитивно влијаеше на многу луѓе со својата работа и начин на живот.