По долго време Џејсон Момоа на премиера дојде во придружба на неговите деца

popara13 јануари, 20241min00
o_31822317_1280

Неодамна разведениот Џејсон Момоа пристигна со своите деца, 16-годишната ќерка Лола Јолани и една година помладиот син Накоа-Волф, на специјалната проекција на познатиот документарен филм „Common Ground“, кој веќе освои три престижни награди. Тие позираа на црвениот тепих со својот татко и со останатите актери од документарниот филм кој ја обработува темата на регенеративното земјоделство. Срамежливите деца не се одвојуваа од својот впечатлив татко, кој се уште, барем официјално, е сингл и не си најде нов партнер.

image

Актерот со хавајско потекло воопшто не се вклопува во холивудската елита. Неодамна откри дека извесно време по раскинувањето со поранешната сопруга живеел во кампер на имот на пријател, а повеќе време поминува на Хавајските острови отколку во Холивуд. Со Лиза Бонет, која некогаш беше голема ѕвезда, тој беше во врска од 2005 година, кога нејзината кариера почна да стагнира, а неговата тргна на нагорна патека. Ги направи некои од најголемите холивудски блокбастери како „Aquaman“ и „Dine“, тој е предмет на желба на многу жени, а во душата е рокер, натуралист кој најдобро се чувствува полугол. Заштитен знак му е долгата разбушавена коса, го сака родниот Хаваи, каде што почнал да глуми на 19 години. Имено, како продавач во продавница за сурфање, тој им паднал во очи на агентите кои му понудиле улога во серијата ‘Baywatch Hawaii’.

image

„Тогаш не знаев ништо за глумата. После тоа ми требаа пет години за да добијам агент. Никој не ме сфати сериозно по таа улога и долго време живеев во нејзината сенка“, изјави актерот чија најголема радост денес се неговите деца. И не само неговата, туку и Зои Кравиц, ќерката на Лиза Бонет од бракот со Лени Кравиц која ја сака како своја ќерка. Имаат одлични односи и откако се раздели од нејзината мајка доаѓа на нејзините премиери и не пропушта да и честита важни јубилеи.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag