Ненадејните операции и здравствените проблеми во кралското семејство може да ги спојат отуѓените членови на оваа заедница.Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, се обратила до принцезата Кејт по нејзините здравствени проблеми, според најновите извештаи кои доаѓаат од Британија.
Не се само принцот Хари и неговиот брат кои треба да ја поправат својата врска, туку и принцезата Кејт и Меган Маркл кои исто така беа во напнати и комплицирани ситуации во последните неколку години.
Тензиите меѓу нив, наводно, дошле поради кавгата околу фустаните за деверуша – со извештаите дека Меган ја расплакала принцезата Кејт.
Меѓутоа, за време на драматичното интервју со Опра Винфри, Меган рече дека всушност е обратно, бидејќи поранешната актерка рече дека е повредена од постапките на Кејт.
Хари, исто така, ја објасни ситуацијата во своите мемоари „Spare“, велејќи дека ја нашол Меган како плаче „на подот“ по расправијата со Кејт за фустаните на деверушите. Но, според новите извештаи, Меган го направила првиот чекор кон помирување и решавање на тешките врски.
– Меган ги контактираше Кејт и Чарлс. Затоа се преземаат чекори за помирување – изјави изворот за US Weekly.
– Меган го поддржува Хари во сето тоа и му посакува на кралското семејство – вклучувајќи ја и Кејт – се најдобро – изјавил друг извор, пренесува “The Mirror”.
Изворот тврди и дека принцезата Кејт е „отворена“ за помирување, но „нема да се меша“ во проблемите на нејзиниот сопруг принцот Вилијам и принцот Хари.
Принцот Хари неодамна остави сè откако дозна дека неговиот татко е болен и отиде во Велика Британија да го поддржи.Изворот, исто така, тврди дека и покрај тоа што Меган не му се придружи на нејзиниот сопруг на неговото неодамнешно патување во Велика Британија, таа во целост се согласува дека тој треба да биде таму и дека „мора да му каже на својот татко колку го сака“.