По пијана ноќ посегнувате по ибупрофен? Еве што се случува во желудникот ако го правите тоа

popara17 септември, 20241min00
1726579201-pexels-michelle-leman-6798730-750x470

Чаша вино или половина литар пиво може да ве опушти по напорната работна недела, но еден пијалок лесно може да се претвори во неколку. Можеби главоболката започнува пред да заспиете, па за да спречите лош мамурлак следниот ден, земате ибупрофен или два. Земањето ибупрофен и други нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) на празен стомак може да предизвика гастроинтестинални проблеми, но земањето на овие лекови додека се уште имате алкохол во вашиот систем може да биде уште полошо.

„Мешањето на ибупрофен со алкохол е всушност опасно“, изјави д-р Џеси Хатгис за Health Digest.

„Двете супстанции сами по себе можат да предизвикаат големи проблеми во желудникот, цревата, црниот дроб, срцето и бубрезите. Кога се земаат заедно, овие проблеми може да се влошат. Најчесто може да се појават чиреви и крварење во желудникот“.

Ибупрофен и сличните апчиња ја ублажуваат болката со ограничување на простагландините кои предизвикуваат болка и воспаление во вашето тело.

Овие простагландини, исто така, ја штитат слузницата на вашиот стомак, поради што често се препорачува да се зема ибупрофен со храна.

Затоа земањето ибупрофен често може да предизвика чир на желудникот и цревни проблеми, особено кај луѓе постари од 60 години.

Алкохолот исто така ја иритира слузницата на желудникот и предизвикува воспаление.

Колку долго после пиење алкохол можете да земате ибупрофен?
Повеќето луѓе кои земаат ибупрофен можат да пијат еден пијалок без никакви проблеми.

Ако сте пиеле повеќе од тоа, д-р Џеси Хатгис препорачува да почекате 24 часа пред да земете ибупрофен.

„На крајот на краиштата, сè зависи од тоа колку човек испил и колку брзо неговото тело го метаболизира алкохолот во неактивни метаболити“, рече тој.

Поверојатно е да се појават проблеми со интеракцијата алкохол-ибупрофен ако често пиете алкохол и земате ибупрофен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag