Талула Вилис, ќерката на легендарниот актер Брус Вилис и Деми Мур, се сврши со својот партнер Џастин Аси. Таа ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил заедно со неколку фотографии од нејзината романтична свршувачка.
„Секој ден“, напишала кратко во описот покрај фотографиите.
ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Талула го покажа својот дијамантски прстен и сподели видео на кое се гледа како нејзиниот вереник ја изненадил. Ливчиња од роза ја дочекале на подот, а патеката била украсена со бројни свеќи. Џастин ја запросил Талула пред каминот во нејзиниот дом во Ајдахо.
Таа сподели и фотографија со нејзиниот свршеник и миленикот на нејзината мајка Деми Мур, кучето Пилаф.
Коментарите под објавата беа полнети со честитки од познатите ѕвезди и обожавателите.
„Најубавата љубов на која сум била сведок и гледала како расте. Многу ве сакам и двајцата. Џастин, среќен сум што те викам брат. Мојата мала Лула, мојот подарок, мојата кралица, моето срце е полно. Опседната сум со вас“, им пишала нејзината сестра Румер.
„Честитки! Колку прекрасна покана да поминете цел живот заедно. Многу сум среќен за вас двајца”; „Ова е најдобрата вест досега! Многу сум возбудена за вас“, напишале некои од нивните пријатели.
Талула подоцна објави приказна на Инстаграм каде ги покажа деталите за нејзиниот прстен обложен со дијаманти. Претходно, таа откри и дека целото нејзино семејство им се придружило во Ајдахо и заедно ја украсиле елката.
Не е познато кога Талула и Џастин почнале да се забавуваат, а пред тоа таа беше свршена со режисерот Дилон Бас. Двојката се сврши во март 2021 година, но се откажа во јуни 2022 година. Минатата година, таа откри дека раскинале во тежок период низ кој минувал Талула, откако на нејзиниот татко Брус му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.