Роуан Аткинсон повторно ќе зачекори во улогата на Џони Инглиш, несмасниот таен агент кој ја насмеа и развесели публиката ширум светот со претходните три филма. Познатиот британски актер наводно потпишал договор и се подготвува за нов дел од пародијата на шпионскиот филм. Снимањето треба да започне во јуни во Велика Британија и Малта, но деталите за работата се чуваат во тајност, пишува Screen Daily.
Првиот оригинален филм беше објавен во 2003 година и стана вистински хит. Сепак, фановите мораа да почекаат до 2011 година кога беше објавен „Johnny English Reborn“, а последниот „Johnny English Strikes Again“ беше прикажан во 2018 година.
На премиерата на третиот дел, Роуан, на прашањето дали планира да глуми во четвртиот дел, рече дека тоа е многу малку веројатно. Но, тој набрзо коментираше „никогаш не кажувај никогаш“. И се чини дека сега шест години подоцна, тој сепак се согласи на нови авантури.
Роуан во последно време не снима многу филмови, но се појави во минатогодишниот хит мјузикл „Вонка“. Сепак, на неговата страница IMdb, неименуваниот проект „Мистер Бин“ е меѓу идните проекти. Имено, многумина го паметат овој витален 69-годишник токму по улогата на г. Бин, кој насмеа многу генерации со своите авантури и несреќи. Како што еднаш откри, идејата за молчеливиот г. Бин ја добил во студентските денови кога изведувал скици и станал главен лик на истоимената ТВ серија од петнаесет епизоди која започнала да се емитува на 1 јануари 1990 година. Сè уште не е сигурно кога Роуан ќе снима нови епизоди, но многу фанови едвај чекаат.