По 11 години, доаѓа нов дел од франшизата „Scary Movie“, култна комедија или пародија, која ги исмева класичните хорор филмови како „I Know What You Did Last Summer“ и „The Scream“. Веста ја потврди Paramount на овогодинешниот CinemaCon, саем кој се одржува во Лос Анџелес последните неколку дена, а на кој традиционално се претставени најголемите изданија на продукциските куќи кои доаѓаат во кината, како и оние што имаат намера да ги направат.
Paramount објави и дека продуцентот на „Fast and Furious“ Нил Х. Мориц, кој работеше на хорор филмот „I Know What You Did Last Summer“, ќе се приклучи на продукцијата на шестиот филм.
Првиот филм беше објавен во 2000 година, во кој главните улоги ги играа Ана Фарис и Реџина Хол, а сите пет последователни филмови беа направени според истиот принцип на пародии на клише дејствата на најпопуларните хорор филмови. Првиот филм, исто како и продолжението од 2001 година, во кој глумеа и браќата Марлон Вејанс и Шон Вејанс, беше режиран од нивниот брат, Кинен Ајвори Вејанс. „Scary Movie 3“ од 2003 година и „Scary Movie 4“ од 2006 година, во режија на Дејвид Цукер. Петтото продолжение беше објавено во 2013 година, со Сајмон Рекс и Ешли Тисдејл во главните улоги.
Се уште не е познато дали оригиналната актерска екипа ќе глуми во новиот филм или ќе дојде нова генерација, како и точниот датум на премиерата на филмот. Снимањето треба да започне наесен, а во кината би требало да се појави веќе следната година.